Епилептичниот напад е последица на краткотрајно пореметување во електричната активност на мозокот. Постојат различни типови на епилептичните напади кои се групирани во две големи групи: парцијални (фокални) и генерализирани. Kaj фокалните напади пореметувањето во мозочната фукција зафаќа ограничен дел од мозокот и најчесто свеста не е нарушена. Фокалните напади може да се манифестираат како тресење или вкочанување на дел од телото, пецкање или трнење на делови од телото, илузии на светлина, ликови, сложени слики, слушање на звуци, гласови или мелодии, необични вкусови на јазикот, присилно повраќање, чувство на веќе виден или веќе доживеан настан. При генерализиран напад зафатен е најголемиот дел или целиот мозок од почетокот на нападот при што постои нарушување на свеста. Во групата на генерализирани напади спаѓаат: тонично-клонични напади, абсанси, миоклонични и атонични напади. 

Eпилептичниот напад може да изгледа како:

Најчесто епилептичните напади прв пат се појавуваат во доенечка возраст. Причината за ова може да биде фактот што мозокот сè уште се развива по раѓањето и во раните фази на развој не може толку добро да се справи со нарушувањата што предизвикуваат напади. Најголемиот број на напади се јавуваат изненадно и без предупредување. Траат кратко и сами се прекинуваат. Бројот на напади може да биде многу различен, од еден напад годишно до повеќе напади во текот на денот. Обично кај едно дете се јавуваат ист тип на напади, но ретко може да се случи кај едно дете да се јават различни типови на епилептични напади. Причините за појавата на нападите се многубројни, но многу често причината останува непозната. 

Slika 3 od sliki neuroped 2

Невролошката болест чија карактеристика се повторувачки епилептични напади се вика епилепсија. 1% од населението во светот има епилепсија.

Прим.  М-р сци. Д-р Габриела Тавчиоска