Neuroped.mk е веб страница која е изработена со цел на ефикасен и професионален начин да понуди информаци, кратки упатства и совети поврзани со детскиот развој и најчестите невропедијатриски состојби.

Мисијата на оваа веб страница е да стане извор на информции со кои континуирано ќе се зајакнуваат родителите, старателите и здравствените работници.

Децата растат и се развиваат, и при тоа имаат единствени медицински потреби зависни од возраста. Своите потреби и грижи ги покажуваат на поинаков начин од возрасните. Наша улога е да ги разбереме, да им помогнеме во совладувањето такви ситуации и да предизвикаме радост кај нивните родители.

Со создавањето на оваа веб-страница вложуваме во здравјето, безбедноста и благосостојбата на доенчињата, децата и адолесцентите што значи вложување во иднината на заедницата кое повеќекратно се враќа.

АВТОРИ НА ТЕКСТОВИ

Прим. М-р сци. Д-р Габриела Тавчиоска

специјалист педијатар

Општа болница со проширена дејност, Прилеп

Д-р Љеља  Муаремоска Канзоска

супспецијалист невропедијатар

Универзитетска клиника за детски болести

Д-р сци. Валентина Дуковска

специјален едукатор и рехабилитатор 

Универзитетска клиника за детски болести

Науч. сораб. Д-р Данило Нонкуловски

специјалист педијатар

Универзитетска клиника за детски болести

ПРИЈАТЕЛИ НА НЕУРОПЕД

Ustanova za otrosko nevrologijo, Ljubljana, Slovenia