Главоболката е една од најчестите болести кои ги погодуваат децата и адолесцентите. Секое петто дете се жали на главоболки најмалку еднаш месечно. Меѓународното здружение за третман на главоболка (IHS) направи разлики помеѓу повеќе од 100 различни видови на главоболка. Девојчињата имаат околу три пати поголема веројатност да развијат главоболка отколку момчињата. Многу е лошо гледањето на беспомошно дете како добива главоболки. Кога ќе започне почесто да се појавува главоболката, тогаш родителите започнуваат да се загрижуваат. Кога главоболките се јавуваат кај возрасните лица, тие ја знаат причината на нивната болка и наоѓаат олеснување во промените во животниот стил или во лековите, а вообичаено причина за главоболките се стресовите од секојдневните обврски. За разлика од нив малите деца не можат да кажат за каква болка се работи и сето тоа често го отежнува процесот на помагање.

 
Причини за главоболка кај деца и адолесценти

Механизмот за појава на главоболки сè уште не е целосно разјаснет. Покрај генетската предиспозиција, главоболките можат да бидат предизвикани и од таканаречените активирачки фактори:

  • Внес на помалчу течности и храна
  • Намалено време на спиење
  • Анксиозност и стрес
  • Напнатост во мускулите
  • Зголемен физички напор
  • Пореметување во хормоните
  • Конзумација на алкохол,наркотици,лекови
  • Феродефицитна анемија
  • Долготрајно седење пред телевизор или компјутер
  • Цревни нарушувања (како што се целијачна болест или запек)
  • Болести на окото
  • Хипертензија
  • Различните безалкохолни пијалоци што содржат кофеин
  • Зголемен шеќер во крвта.
Симптоми на главоболка кај деца и адолесценти

Според Меѓународното Здружение за третман на главоболката таа е поделена во две групи примарна и секундарна. Примарна главоболка се јавува кога самата е болест, а секундарна главоболка се јавува, кога таа е предизвикана од други болести – како на пример кога е предизвикана од воспаление на менингите (менингитис).

Примарна главоболка

Примарни главоболки се мигрената,тензионата и кластер главоболката. Тие се најчестите форми на главоболка кај деца и адолесценти

Мигрена

Главоболката кај деца кај мигрената, обично се јавува во предниот дел од главата, а додека кај возрасните таа може да се јави од двете страни на главата. Болката е силна и пулсирачка и редовно се повторува. Често таа е придружена со гадење и повраќање, зголемена чувствителност на светлина и бучава. Симптомите се зголемуваат при физички напор.Децата кои се погодени од мигрена имаат зголемена потреба за сон и поголема потреба за одмор. Симптомите обично се подобри по спиење. Нападот на мигрена обично трае 2 и 4 часа кај деца и адолесценти.Склоноста за појава на мигрена има генетска предиспозиција, но хормоналните фактори за време на пубертетот исто може да биде причина за појава на овој вид главоболка..

Тензиона главоболка

Тензиона главоболка е најчестиот вид на главоболка кај децата – околу 50% од училишните деца страдаат од овој тип на главоболка. Таа се јавува од двете страни на глават,обично кај челото,а моче да трае неколку часа. За разлика од мигрена, физичката активност не ја влошува болката, ниту се појавува гадење или повраќање. Напнатите главоболки тешко доведуваат до ограничување на секојдневните активности.

Кластер-главоболки

Овој тип главоболки не се вообичаени кај децата под 10 години. Тие главоболки се случуваат во кратки периоди, како на пример 5 или повеќе епизоди неделно.Симптомите се: остра, прободувачка болка на едната страна од главата, течење на носот, иритација. Типично траат помалку од 3 часа во рамките на една епизода.Третманот вклучува одмор, хидрирање и лекови против болка. Ако е присутна 15 дена или повеќе, тогаш лекарот може да ја дијагностицира како хронична и да развие план за третман.Секундарните главоболки вклучуваат главоболки кои се активираат, од болестите на очите, ОРЛ болести, васкуларни заболувања, хипогликемија или други метаболни болести.

Кога е Потребно да се посети лекар?

  • Ако главоболката се јавува периодично и трае повеќе од два часа
  • Ако нападите станат почести и посилни
  • Кога ќе се појават придружни симптоми
Предупредувачки посериозни симптоми придружени со главоболка
  • Појава на главоболка придружена со повраќање
  • Појава на окципитална главоболка со висока температура
  • Главоболката која кај детето постепено се зголемува и на крајот завршува со постојана,главоболка на челото или на тилот
  • Детето има постојана еднострана пулсирачка главоболка
Дијагноза на главоболка кај деца и адолесценти
  • Физикален преглед. Лекарот ќе изврши физикален преглед на детето, ќе измери тежина и висина на детето, обемот на главата, крвен притисок, пулс, како и преглед на очите, вратот, главата, рамената и ‘рбетот на детето.
  • Невролошки преглед. Лекарот ќе провери дали има некои проблеми со движењето, координацијата или сетилата кај детето.
  • Ако детето е здраво, а главоболките се единствениот симптом, нема да бидат потребни дополнителни тестирања. Во некои случаи, сепак, скенирања и евалуации може да помогнат во поставувањето на дијагнозата или за исклучување на одредени медицински состојби што би ги предизвикале главоболките. Таквите тестови вклучуваат:
  • Магнетна резонанција – се користи за да се создаде детален преглед на мозокот. Снимките им помагаат на лекарите да дијагностицираат тумори, мозочни удари, аневризми, невролошки болести и други абнормалности на мозокот. Исто така, може да се користи и за испитување на крвните садови во мозокот.
  • Компјутерска томографија – со оваа процедура, која се состои од серија компјутерски насочени х-зраци, се обезбедува напречен пресек на мозокот од детето. Со тоа се дијагностицираат тумори, инфекции и други медицински проблеми што предизвикуваат главоболки.
  • Спинална/лумбална пункција – ако лекарот се сомнева дека има некоја состојба како бактериски или вирусен менингитис, кој предизвикува главоболки, може да ја препорача оваа дијагностичка мерка.
  • Основниот преглед вклучува дневник за главоболка чуван во текот на неколку недели.Со цел да се исклучат други болести, се прават понатамошни откритија доколку се сомневаат. Ова вклучува, на пример, преглед од офталмолог, ОРЛ, ортопедски хирург или стоматолог. Исто така, може да се нарача крвна слика, електрокардиограм (ЕКГ) или електроенцефалографија (ЕЕГ).
Третман

Вообичаено главоболката се третира со одмор, намален звук, многу течности, балансирана исхрана и лекови против болка. Ако детето е постаро и има чести главоболки, треба да учи како да се релаксира и да го менаџира стресот преку различни форми на терапија.

Лекови

Лекови против болка може да помогнат. Треба да се земат при првиот знак за главоболка.Најчето користени лекови се Бруфенот и Бедоксинот.Терапијата што се користи за третирање мигрена е ефективна и може да се користи безбедно кај деца постари од 6 години. Ако детето има чувство за гадење и повраќа со мигрените, лекарот може да препише лек против мачнина. Терапијата зависи од дете до дете. Со текот на времето лековите против болка може да ја изгубат ефективноста,а и доста од лековите имааат несакани дејства.Третманот за мигрени вообичаено е одмор, отстранување на стресорите како светлина и врева и лекови против болка. Разговарајте со лекар пред да му дадете  какви било лекови на детето, особено ако тоа има некои состојби на кои лековите може да му наштетат.

Пишува: Науч. сораб. д-р Данило Нонкуловски