Претшколската возраст се карактеризира со учење  на сложени вештини. На крајот од претшколскиот период детето треба да ги има совладано сите моторни вештини. Секое дете има оптимална возраст за учење на одредена моторна функција при што и мала помош од неговата околина доведува до видливи резултати. Принудување на одреден моторна активност пред физиолошката зрелост на детето може да резултира со несигурност, неуспех и страв.

Четиригодишно дете одлично одржува рамнотежа, вози трицикл, скока и отскокнува со виткање на горниот дел тело, топката сè уште ја фаќа потпирајќи ја на градите. Ги прицврстува и откопчува копчињата на облеката. На оваа возраст говорот е добро развиен. Детето поставува многу прашања за околината, измислува приказни. Повеќе сака да игра со други деца отколку само, ужива да прави нови работи. Препознава некои од боите, може да запомни дел од приказна.

Петгодишно дете слегува по скали, трча, скока на едната нога. Користи прибор за јадење, црта линии и сече со ножици, знае некои букви. Сака да биде како другарите, се согласува со поставени правила на однесување, сака да пее и танцува. На оваа возраст детето е свесно за својот пол. Може да брои до 10. Може самостојно да користи тоалет.

Шестгодишно дете трча побрзо, игра фрлање-фаќање, вози велосипед со помошни тркала. Ги врзува чевлите, црта човек. Користи многу зборови и составува скоро секакви  видови на реченици.Претшколските установи многу влијаат врз развојот на говорот. Развојот на говорот е активен и креативен процес и секое здраво дете со добра стимулација од околината лесно го усвојува.

 

Прим. М-р сци. Д-р Габриела Тавчиоска

Користена литература:

Alexa Johnson, A.(2019).Child growth and development.