Раната интервенција нуди насоки базирани на докази за трансдисциплинарно, развојно поткрепена грижа  за новороденото и малото дете почнувајќи од раѓањето, преку Единицата за интензивна нега и терапија, трансферот дома и времето по излегување од болница. Раниот развоен период преставува најоптималниот период за развој на мозокот и со тоа развој на конкретните развојни способности, но во исто време преставува највулнерабилниот период заради интензивниот развој на мозокот.

Кој период го опфаќа раната интервенција?

Што преставува развојна грижа за новородено и мало дете?

Развојната грижа е програма која  во грижата на новороденото и малото дете се базира на концептот на динамичка интеракција меѓу новороденото, семејството и околината. Програмата има холистички пристап и ги почитува индивидуалните потреби на новороденото и семејството. Приоритет на развојните програми е оптимален невроразвоен исход кај високоризичните новородени и со тоа превенција на можните пречки во психомоторниот развој кога постојат состојби како недоносеност и др. критични здравствени состојби.

Развојната програма се спроведува преку неколку сегменти со посебно разработени и стандардизирани програми – промена на околината; контрола на светлина; контрола на звук; менаџмент на болка; контрола на непосредната активност со детето; програма насочена кон родителите, early holding, skin-to-skin, kangaroo; рана интервенција со рана сензомоторна стимулација; континуирана едукација на сите членови на тимот во духот на развојната програма.

 Во што се состои развојната грижа по излегувањето од болница? 

Развојната грижа продолжува преку развојното следење, развојна дијагностика, педијатриски прегледи, невролошки прегледи, сензомоторна стимулација, програми за рана интервенција и третман, трае до 3-та година од животот, односно до периодот пред вклучување во училиште. Развојната проценка е насочена кон процесот и мора да биде континуирано разгледувана. Резултатите во одреден момент ќе го затворат процесот на развојно следење или ќе побараат да се започне со една нова фаза на проценка на потребите на детето и семејството.

Кои се ефектите од развојната програма?

Почитувањето на принципите на развојната програма има краткорочни и долгорочни ефекти. Доведува до побрз пораст на телесната тежина, скратување на престојот во болница како и ефекти врз психомоторниот развој, и тоа како врз моторниот така и во социјално-емоционалниот и когнитивниот развој.

Д-р сци. Валентина Дуковска