Развојни пресвртници од 1 до 2 години
Втората година од животот се карактеризира со интензивен напредок во сите домени од психофизичкиот развој.Моториката се развива од лазење до самостојно одење. Со околу 13 месеци детето може самостојно да стои. Развојна пресвртница за одење со помош е 14 месеци, а за самостојно одење е 18 месеци. На почетокот одењето е со подигнати рачиња, испакнато стомаче, раширени нозе и чести паѓања. Кога има 15 месеци може од стоечка положба да се наведне и да подигне предмет. На возраст колу 20 месеци детето почнува да трча.Детето во овај период ги влече и турка играчките, танцува на музика, се качува на кревет.Може да ја фати топката и да ја фрли. Во овај период најголем број од децата покажуваат интерес за ситни делови. Може да направи кула користејќи до 5 коцки, може да ја удри топката со нога и да користи лажица.Памптењето се подобрува, репознава и спомнува предмети и надвор од ситуации во кои ги видел. Интензивно ја запознава околината преку тргање, фрлање, удирање на предмети, составување, расклопување. Вниманието е насочено кон појави и настани кои поттикнуваат на истражување.
Околу 18 месец манифестира љубомора и покажува задоволство кога ќе постигне нешто.Ги користи зборчињата ДА и НЕ. Покажува и гледа на делови од телото кога се именуваат. Најголем број од децата на крајот од втората година можат да изговорат повеќе од 5 зборови. Може се боички да црта на хартија при што боичката ја префрла од една во друга рака.Во овај период детето самостојно си игра или гледа како другите играат.Социјалните контакти се почести преку смеење и размена на играчки.
Развојни пресвртници од 2 до 3 години
Во третата година од животот детето има стабилна и вешта моторика, вербално комуницира, луѓето му значат повеќе од претходно, сака да се гушка. Детето се обидува да застане на едната нога, се врти наоколу, се движи во различни правци, вешто го менува правецот на движење. На крајот од третата година може да изгради кула од 8 коцки. Може само да облече влечки, да пие од чаша и може да користи вилушка. Може да нацрта вертикални и хоризонтални линии. На крајот од третата година може да вози трицикал и да нацрта човече со раце без други делови на телото. Ги препознава и именува основните својства на предметите и појавите според искуството што го има со нив. Разликува бои, но не ги именува точно.
Говорот се подобрува и е разбирлив, структурата на реченицата се проширува, но сè уште не може да повтори реченица подолга од два збора. На почетокот на 3-та година се нарекува по свое име, а на крајот на третата година почнува да се именува со „јас“. Прашува како се вика, поставува прашања, сака да слуша приказни. Ако детето не почне да зборува со реченици до 30 месечна возраст, треба да се побара стручна помош.Во овај период детето се плаши од гласни звуци, големи предмети, промени во просторот, ветер, дожд, диви животни, темнина, осаменост, одвојување. Го знае своето тело, ги знае деловите од телото, се препознава себеси на слика го знае полот и името. Некои деца на оваа возраст се тврдоглави, повремено намерно ги кршат забраните, имаат напади на гнев. Вообичаено тренингот за воспостваување на навики за тоалет започнува после вториот роденден, но некои деца ќе бидат подготвени и неколку месеци подоцна. Средна возраст за девојчиња е 29 месеци, а за машки деца 31 месец. 98% од децата ќе имаат воспоставени тоалетни навики на возраст од 36 месеци.
Прим. М-р сци. Д-р Габриела Тавчиоска
Користена литература:
Johnson, A.(2019).Child growth and development.