Психофизичкиот развој опфаќа неколку домени кои не може да се проценуваат одделно. Тоа се моторниот, когнитивниот, социјалниот, говорниот и емоционалниот развој. Првите 1000 денови од животот (9 месеци пренатално и 2 години постнатално) имаат исклучителна важност за здрав развој на детето и во овој период се воспоставуваат основите на невролошките функции. Иако неуроните во најголем број на мозочните регии не продожуваат со пролиферација после раѓање, сепак процесот на матурација трае и до адултна возраст. Првата година од животот е посебно важна за рано детектирање на развојни нарушувања со цел рано отпочнување со соодветна интервенција за да се искористи пластичноста на мозокот, односно неговата способност за реорганизација.Во нормалниот невролошки развој постојат широки индивидулани варијации во зависност здравствената состојба на детето, гестациската старост, генетиката и влијанието на околината.Невроразвојната проценка е практична вештина која бара искуство и знаење.
Првиот месец од животот е периодот на новороденчето. Тоа е еден од најважните периоди во детсјиот развој. Новороденчеро покажува мали варијации во однесувањето. Може да биде будно, мирно, да спие, да биде раздразливо или да плаче. Реагира на сислни звуци и замижува на силна светлина (оптички и акустички рефлекси на трепкање). Предмет може да фиксира од 4 недела. Здраво новороденче е во положба на тотална флексија. Спонтаната моторика е изразена со ф лексорни и екстензорни двужења на екстремитетите. Спонтаната моторика претставува прозорец во младиот мозок во првите 3 до 4 месеци од животот. Нејзина професионална анализа може да даде предикција за церебрална парализа. Кај новороденчето се присутни примитивни рефлекси кои се јавуваат од 10 гестациска недела на феталниот живот и се губат до крајот на првата година од животот. Стручната проценка на примитивните рефлекси може да даде информации за состојбата на мозокот.
Доенчето во текот на вториот месец подолго е будно отколку во првиот месец. Го насочува погледот кон близок предмет, испушта звуци, гуга, се насмевнува Ги исправа нозете, почесто ги отвора рацете кои претходниот месец биле затворени во тупаница. Кога е леганато на стомаче ја подига главата под агол од 45 степени.
Во текот на третиот месец доенчето е поактивно, подолго време е будно и покажува интерес за околината. Движењата на телото се силни. Кога е леганато на стомаче, карлицата повеќе не е подигната од подлогата, главата ја подига за 45 до 90 степени и активно ги следи предметите пред него. Им се насмевнува на родителите, гуга, писка, имитира гласови.
Четвртиот месец се карактеризира со зацврстување на телото кое се одвива од горе према долните делови на телото. Доенчето легнато на стомак ја подигнува главата до 90 степени и може подолго да ја задржи во таа положба, ужива кога е поставено во полуседечка положба, ужива во игра, фаќа предмети и ги доближува до устата, гласно се смее. Следи со поглед предмет кој е поставен 20см пред него и сака да го фати. Се врти на звучни дразби.
Во текот на петтиот месец доенчето развива подобра контрола на телото. Во положба кога лежи на грб ги фаќа стапалата и ги носи до устата. Префрла предмет од една во друга рака и може да го држи шишето со двете раце. Доенчето гласно се смее кога е поставено пред огледало, вокализира ма-ма или ба-ба. Фаќа со цела рака, а при повлекување од подлогата активно ја флектира главата со истовремена флексија на нозете. Во овај месец доенчето започнува да си го препознава името.
Некои од доенчињаата може кратко самостојно да седат. Од седечка положба асо потпирање доенчето посегнува и фаќа предмети. Ужива во звукот од тропалката кога самото тропа. Може да се превртува од грб на стомак и од лева и од десна страна, а може и да започне со лазење. Разликува познати од непознати лица и почесто изговара ма-ма и та-та.
Во седмиот месец доенчето има изразена желба за движење. Седмиот месец е пресвртница за вештината префрлање на предмет од една во друга рака. Може да сортира коцки по големина, ги проучува играчките и ги фрла. Може подолго да седи без потпирање. Меморијата се подобрува, препознава играчки и лица.
Доенчето почнува да имитира звуци. Играчките ги држи со прсти, лази, се подига од лежечка во седечка положба. Реагира на познати реченици на пр. фрли ја коцката.
Деветтиот месец е пресвртница за самостојно седење. Доенчето може пинцетно да фаќа, игра ракоплескање, ги фрла играчките и заинтересирано го следи нивното паѓање. Плаче кога родителите ја напуштаат просторијата. Може да се подигне на колена придржување за делови од мебел.
Во текот на десеттиот месец покажува поголем интерес за комуникација со околината, детално ги проучува предметите, знае со рака да покаже ,,чао,, Овај месец е пресвртница за прецизното пинцетно фаќање. Се насмевнува на познати лица, а се плаши од неознати. Може да се исправи потпирајќи се со рацете за дел од мебел. Рзбира едноставни зборови.
Доенчето ги повразува предметите со нивните имиња, реди коцки една врз друга. Краткотрајно може самостојно да стои. Може да разбира едноставни налози. Може да оди со придржување за предмет или рака.
Повеќето деца на оваа возраст изговараат неколку зборови. Сакаат да играат, особено надвор од домот. Може да ставаат предмети во кутија и да ги вадат. Разбираат едноставни реченици и налози. Се обидуваат нешто да објаснат со раце и гестови. Некои деца можат самостојно да одат.
Прим. М-р сци. Д-р Габриела Тавчиоска
Користена литература:
Дуковска, В., Дума Ф.(2021).Високоризично дете-развојно следење.Скопје.
Kennedy, C.(2012).Principles and practice of child neurology in infancy.