САНАТАТЕ – Здружение за подобрување на здравјето преку информации и обуки (SANATATE – Association for Improvement of the Health through Information and Training) е формирано во јуни 2024 година со следните цели и задачи:
– Унапредување на здравството и здравствената заштита преку комуникација (обуки, пишани материјали, електронска комуникација – Здравствена едукација и подигање на свесноста за рани знаци на болест – Изработка на едукативни материјали за населението за промоција на здрави животни навики (хигиена, исхрана, превенција од болести, планирање на семејството) – Едукација на родители и наставници за работа со деца со посебни потреби – Поткревање на свесноста за ризични однесувања во училиштата и градинките – Едукација на населението за здраво стареење – Обука за воспоставување на добри комуникациски вештини – Обуки на здравствени работници за подобрување на безбедноста на пациентите – Поддршка на семејствата за позитивно родителство (Здрава мајка здраво дете) – Обуки на родителите за успешно родителство – Одржување на неформални обуки на здравствените работници преку ангажирање на докажани здравствени работници – Мониторинг и евалуација на програми и проекти – Афирмирање на медицинските науки и поттикнување на научната работа – Подготвување на предлог проекти и стручно-научни истражувања – Обуки на работното место за одржување и унапредување на здравјето