Neuroped.mk е веб страница која е изработена со цел на ефикасен и професионален начин да понуди информаци, кратки упатства и совети поврзани со детскиот развој и најчестите невропедијатриски состојби.
Мисијата на оваа веб страница е да стане извор на информции со кои континуирано ќе се зајакнуваат родителите, старателите и здравствените работници.
Децата растат и се развиваат, и при тоа имаат единствени медицински потреби зависни од возраста. Своите потреби и грижи ги покажуваат на поинаков начин од возрасните. Наша улога е да ги разбереме, да им помогнеме во совладувањето такви ситуации и да предизвикаме радост кај нивните родители.
Со создавањето на оваа веб-страница вложуваме во здравјето, безбедноста и благосостојбата на доенчињата, децата и адолесцентите што значи вложување во иднината на заедницата кое повеќекратно се враќа.
АВТОРИ НА ТЕКСТОВИ
Прим. М-р сци. Д-р Габриела Тавчиоска
специјалист педијатар
Општа болница со проширена дејност, Прилеп
Д-р Љеља Муаремоска Канзоска
супспецијалист невропедијатар
Универзитетска клиника за детски болести
Д-р сци. Валентина Дуковска
специјален едукатор и рехабилитатор
Универзитетска клиника за детски болести
Науч. сораб. Д-р Данило Нонкуловски
специјалист педијатар
Универзитетска клиника за детски болести
ПРИЈАТЕЛИ НА НЕУРОПЕД
Ustanova za otrosko nevrologijo, Ljubljana, Slovenia